Црна хроника
Маж убиен во скопската населба Бутел?
Тело на мртов маж е пронајено во паркот зад киното во скопската населба Бутел, откако жителите пријавиле истрели кои ги слушнале околу 15,30 часот на улицата „Никола Петров“.
Сѐ уште нема официјално соопштение од министерството за внатрешни работи, чии истражни екипи се излезени и работат на местото на настанот.
Според непотврдени информации, станува збор за маж на возраст меѓу 45 и 50 години, на чие тело биле пронајдени прострелни рани во пределот на главата и метро положено крај неговото тело.
Според очевидци, од местото каде што е пронајдено безживотното тело биле забележани како се оддалечуваат две лица, по кои полицијата трага како лица кои можеби се инволвирани во инцидентот.
Иако, според првичните мислења можеби станува збор за самоубиство, според некои медиуми, покрај телото на мажот чиј идентитет не се открива, не било пронајдено никакво оружје./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.