Црна хроника
Телото на момчето кое падна во провалија на планината Јакупица пренесено на Судска медицинa
Последните информации добиени од СВР Велес говорат дека телото на планинарот кој во саботата падна во провалија на планината Јакупица од скопската клиника е пренесено во Судска медицина.
Кога настанала смртта на планинарот чии идентитет сé уште е непознат, полиција не кажува. Со официјални информации според портпаролот Анита Стојковска СВР Велес ќе излезе во текот на денот.
Инаку полицијата за несреќата дознала во 14.30 минути кога очевидец на немилиот настан побарал помош. Неофицијално, планинари кои биле во непосредна близина се обиделе да помогнат, но непристапноста на теренот ги принудила да го сочекаат хеликоптерот на специјалната единица на МВР .
Телото било пронајдено и извлечено од провалија длабока околу 20 метри. Првичните информации беа дека планинарот е пренесен на Клиника во Скопје, додека некаде околу 20 часот и 30 минути полицијата информираше дека телото на планинарот е пренесено на Судска медицина.
Оваа несреќа на планината Јакупица е прва пое онаа од пред петнаесетина години кога четворица планинари на планинарското друштво „Македон„ загинаа кај месноста Марина дупка. Тогаш лавина ги затрупа искусните планинари.
Која е причината за оваа планинарска несреќа, СВР Велес најави повеќе информации по завршување на истрагата//крај/мф/ди
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.