Црна хроника
Убиениот во скопски Бутел е гостиварец
Убиениот маж чие тело беше пронајдено во саботата попладне во паркот во скопската населба Бутел е идeнтификуван како 46-годишниот Зекир З. од Гостивар, кој бил усмртен со неколку истрели од огнено оружје.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека Зекир З. бил усмртен со повреди нанесени од огнено оружје во главата и телото, а на местото на убиството биле пронајдени пет чаури кои се предадени на вештачење.
Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна помош, а увидот извршен од полициски екипи, истражен судија и јавен обвинител.
Истрагата е концентрирана на откривање на причини за престојот на гостиварецот во Скопје, како и за можните мотиви за неговото убиство. Засега не е познат идентитетот на сторителот, а како што соопштија од полицијата се работи на негова идентификација и пронаоѓање.
Во саботата постоеја извештаи, според очевидци, дека од местото каде што беше пронајдено безживотното тело на Зекир биле забележани како се оддалечуваат две лица, по кои полицијата трага како лица кои можеби се инволвирани во инцидентот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.