Црна хроника
Млад скопјанец е жртвата кај Солунска Глава
Дваесет ичетиригодишниот Атанас Л. од Скопје е момчето кое во саботата трагично го загуби животот на околу километар од планинарскиот дом „Чеплес“ на Солунска Глава, на планината Јакупица, соопшти Министерството за внатрешни работи во неделата.
Според сознанијата на полцијата, момчето движејќи се по карпа со височина од 20 метри паднало во амбис и со главата удрил на камен во близина на реката Бабуна при што починал.
Од страна на Единицата за спрецијални задачи со хеликоптер се преземени мерки за извлекување на лицето и во 17:30 часот пристигнале во Скопје, каде од страна на итна медицинска помош е констатирана смрт кај лицето, по што било пренесено во Градската општа болница ‘8-ми Септември“, каде дежурниот доктор ја потврдил смртта кај лицето, информираат од полицијата.
Телото на починатото лице по наредба на Истражен судија е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција.
Инаку полицијата за несреќата дознала во саботата околу 14.30 минути кога очевидец на немилиот настан побарал помош в СВР Велес. Неофицијално, планинари кои биле во непосредна близина се обиделе да помогнат, но непристапноста на теренот ги принудила да го сочекаат хеликоптерот на специјалната единица на МВР .
Телото било пронајдено и извлечено од провалија длабока околу 20 метри. Првичните информации беа дека планинарот е пренесен на Клиника во Скопје, додека некаде околу 20.30 часот во саботата полицијата информираше дека телото на планинарот е пренесено на Судска медицина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.