Црна хроника
Најмалку двајца убиени и 22 ранети на средношколска забава во Хјустон
Најмалку две лица се убиени а уште 22 се ранети на забава во северниот дел од американскиот град Хјустон, пренесува Associated Press, повикувајќи се на полициски извори.
Според информациите добиени од шерифот на округот Харис, оган бил отворен околу полноќ по локално време во една од куќите на улицата „Инчентед Крик“, каде што во тој момент се случувала роденденска прослава, на којашто имало повеќе од сто лица, претежно средношколци. Забавата била објавена на Twitter, как опрослава на 18-ти роденден.
Убиени се девојка и момче, до кои едната жртва на самото место додека другата им подлегнала на повредите во болница. Една од жртвите е во критична состојба и вила пренесена во медицинскиот центар со хеликоптер. Поголемиот дел од лицата се повредиле во стампедото, а некои скокале и од вториот кат, кое се случило откако тинејџерите ги фатила паника и се обидувале да излезат од куќата откако ги слушнале истрелите. Меѓутоа, има и застрелани, и тоа претежно во нозете.
Во врска со нападот, полицијата на Хјустон трага по две лица. На местото на нападот биле упатени повеќе екипи на брзата помош и полицијата. Други информации во врска со несреќата сé уште не се соопштени. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.