Црна хроника
Српските власти вратија 17 Македонци кои сакале нелегално да заминат за Германија
Српските погранични органи депортирале 17 македонски државјани од Битола, Радовиш, Кичево, Велес, Неготино и Кавадарци бидејќи сакале со злоупотреба на безвизниот режим да заминат во западноевропските земји.
Тројца скопјани и еден полицаец кој работел на граничниот премин Табановце им зеле по на лицата по 250 евра и им ветиле дека ќе ги транспортираат во Германија.
Пред четири дена лицата биле донесени во куќа во населбата Топаана во Скопје, од каде што со такси возила биле префрлени до српско-македонската граница.Полицаецот од граничниот премин кој бил на работа на пасошка контрола на Табановце ги пуштил без да ги евидентира во системот за влез-излез на патници.
Но завчера српските власти не им дозволиле излез од Србија кон Унгарија и ги депортирале. Против тројцата скопјани се поднесени кривични пријави за злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор, а против полицаецот за помагање./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.