Црна хроника
Неколку лица повикани во полиција за прегазувањето на полицаецот
Неколку лица се повикани на разговор во полицијата за инцидентот што се случи во вторникот попладне кога полицаец беше прегазен на локалниот пат кон Драчево, соопшти МВР.
Полицаецот е надвор од животна опасност и има скршеница на ногата. Во вторникот полицаецот се обидел да запре возило „лада нива“, но возачот наместо да запре, ја зголемил брзината и го прегазил полицаецот.
Постојат сомневања дека станува збор за дрвокрадци./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.