Црна хроника
Грк сакал да прошверцува 70 илјади евра
Царинските службеници заплениле 70 илјади евра на граничниот премин „Богородица“. Грк заедно со својата сопруга и ќерка пред два дена биле запрени на граничниот премин, но не пријавиле дека имаат нешто да пријават.
Сепак, цариниците на задното седиште од возилото во црна чанта пронашле 90 илјади евра.
Гркот се правдал дека е сопственик на хотел во еден од туристичките центри во Грција и дека поради актуелната економска состојба таму, парите ги носел за да ги депонира во некоја од македонските банки.
Претходниот ден, на 12-ти ноември тој внел во Македонија 100 илјади евра, коишто ги пријавил на царинските службеници. Потоа се упатил во банка каде ги депонирал парите, при што му била издадена потврда од банката. Наредниот ден, кога е сторен прекршокот, Гркот носел 90 илјади евра но не ги пријавил на царинските службеници, затоа што според неговиот исказ мислел дека потврдата од банка издадена претходниот ден важи за пет дена, како што наводно му кажале во банката.
Согласно Законот за девизно работење што предвидува дека нерезиденти можат слободно да внесат девизни средства и чекови во висина од 10 илјади евра, а секој износ над овој треба да се пријави, на Гркот и сопругата вратени им се по 10 илјади евра, додека 70 илјади евра привремено се задржани.
Од почетокот на оваа година досега откриени се 76 случаи на обиди за шверц на девизи, при што привремено се задржани девизи во вкупна противвредност од околу 1.203.000 евра./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.