Црна хроника
Полиција се уште ги бара насилниците од вчерашниот инцидент
Полицијата се уште трага по десетмината напаѓачи кои во четвртокот околу 19 часот во Синѓелиќ, маскирани и вооружени претепаа шестмина малолетници во автобусот број 65.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска изјави дека полицијата ги презема сите мерки за расчистување на инцидентот во автобусот 65, но и другите инциденти на автобуските состојби.
Ваквите инциденти во автобусите постојано се повторуваат, а според министерката ова не е само прашање на безбедност, туку за ова е потребна сеопфатна социолошка анализа.
Министерката не открива детали во корист на истрагата, а мотивите на насилството не коментира се додека не се фатат напаѓачите Денеска таа има состанок со претставници на општината на којшто ќе се разгледува можноста за зголемено полициско присуство, по барањето на жителите на Стајковци за полициска станица во ова село.
Тие побараа полицијата да ги најде насилниците. Претепаните деца од Стајковци, Булачани, Црешево, Раштак се пуштени на домашно лекување.
Во четвртокот вечерта околу 19 часот во автобус број 65 на автобуската постојка во близина на црквата во село Сингелиќ влегле 10-15 маскирани лица и со метални шипки нападнале патници во автобусот.
При излегувањето насилниците се обиделе да извлечат едно малолетно лице од автобусот но не успеале.
Уште два инциденти се регистрирани во текот на вчерашниот ден. Едниот се случил во автобус број 33, на автобуска постојка на улица „Трета македонска бригада“, кога десетина лица нападнале 17-годишен малолетник. Другиот инцидент се случил на булевар „Борис Трајковски“ кога, едно лице нападнало двајца 16-годишници./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.