Црна хроника
Нема повредени при падот на авионот во Србија
Нема повредени при рушењето на воениот авион кај Мрчаевци, во Србија.
Пилотот на авионот успеал да се катапултира, а во авионот немало други лица, па повредени нема.
Авионот паднал околу 12.30 часот меѓу Мрчаевци и Слатина, кај Чачак на само дваесетина мерки од една куќа. Според сведочењата на мештаните, пилотот на време успеал да се катапултира откако авионот почнал неконтролирано да паѓа.
„Противпожарната екипа стигнала на лице место околу еден часот и го затекнала авионот како гори. Во него не бил пилотот. Во кругот од неколку стотини метри од ударот биле распрснати сите делови на авионот. Има помали оштетувања на кровните станбени и земјоделски објекти, а на една куќа испукале и стаклата. Пилотот успешно се катапултирал, му се отворил падобранот и се приземјил без повреди“ изјавил началникот на секторот за вонредни ситуации, Драгиша Брочиќ.
Од министерството за одбрана соопштиле дека до несреќата дошло при пробен лет, техничка проба на авионот тип J-22 „Орел“./крај/бл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.