Црна хроника
Запленети обувки со кои може да се опреми помал град
Огромна количина на криумчарени обувки откриена е во скопското село Визбегово во магацини кои порани биле користени од припадниците на специјалната единица “Лавови, соопшти МВР.
При извршениот претрес во магацините пронајдени се 17.750 чифта разни обувки, главно патики, но и зимски кондури. Од извршениот увид утврдено е дека станува збор за околу 7.000 чифта патики Adidas, 7000 чифта патики Nike, поголеми количини на обувки Armani Jeans, CAT, Converse, Reebok, Timberland и други.Првичните испитувања на царината се дека стоката не е декларирана, нејзината набавна вредност изнесува неколку десетици илјади евра а малопродажната цена достигнува и над половина милион евра. Според првичните проценки од затаен данок државата е оштетена за околу 15 милиони денари.МВР во соработка со Царинската управа во натамошна постапка ќе се утврдува дали запленетите обувки се оригинали или фалсификати и кои стои зад нивниот увоз, односно дали истите биле наменети за нивна продажба во земјава или за натамошен извоз. Случајот бил откриен откако патрола на мобилната единица “Алфа” запрела возило на патот кој води од Визбегово кон Шуто Оризари, при контрола на возилото алфите забележале неколку кутии со обувки кои веројатно биле земени како мостри, веднаш потоа мобилизирани се и други полициски службеници. Засега е разговарано со повеќе лица, против едно лице е поднесена прекршочна пријава за сторен царински прекршок. Истрагата за целосно расчистување на случајот продолжува. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.