Црна хроника
Запленет над тон дрога во кромид и маслинки во Албанија
Во две посебни акции албанската полиција откри и заплени околу 1,2 тони дрога од типот марихуана, соопштија властите во понеделникот.
Во првата акција полицијата запленила 400 килограми марихуана во близина на селото Лазарат, познато по систематското одгледување на канабис сатива на големи плантажи чувани од вооружени лица, и производство на марихуана. Дрогата била сокриена во едно комби товарено со кромид и маслинки, а возилото се сообраќало кон градот Ѓирокастро.
Во втората акција во месноста Карабурун, каде што во неделата беа запленети над 800 килограми марихуана, во понеделникот попладне се откриени повеќе од 700 килограми дрога . Дрогата била подготвена за транспорт и веќе била внесена во еден голем моторен чамец во Јонското Море, на самиот брег.
И двете количества во понеделникот запленета дрога потекнуваат од Албанија, потврдија локалните власти./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.