Црна хроника
Петмина уапсени за сајбер грабеж на 45 млн долари
Пет лица се уапсени во понеделникот и се обвинети за учество во кибернетичка кражба преку банкомати при што вкупно се украдени 45 милиони американски долари од две банки.
Четири момчиња и една девојка и њујоршки Јонкерс се обвинети за членување во глобална кибернетичка злосторничка организација која од „Mastercard Inc.“ украла податоци од дебитни картички, соопшти американската државна обвинителка за њујоршкиот источен округ, Лорета Линч.
Портпаролот од нејзиниот кабинет не сакал да коментира каде се наоѓа седиштето на оваа меѓународна организација, само велејќи дека истрагата е во тек.
Петтемина уапсени во понеделник извлекувале пари, повлекувајќи вкупно 2,8 милиони долари од 140 различни банкомати во Њујорк, соопшти канцеларијата на државното обвинителство. Хакерите украле податоците од дебитните картички на една банка во Обединетите Арапски Емирати и „Bank Muscat“ во Оман во два кибернетички напади коишто ги извеле во декември 2012 година и во февруари 2013 година.
Хакерите имале соработници во повеќе од дваесет земји, а во периодот меѓу 21-ви и 22-ри декември минатата година повлекле пет милиони долари, а меѓу 19-ти и 20-ти февруари годинава околу 40 милиони долари.
Приведените обвинението ги товари за здружување поради кражба, и секој од нив би можел да добие до 7,5 години затвор и парични казни од 250 илјади долари. Шестиот член на хакерската банда успеал да ѝ побегне на полицијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.