Црна хроника
Засилени контроли против софтверската пиратерија
Координативното тело за интелектуална сопственост на Република Македонија и надлежните судови во ги засилија своите мерки во борбата против софтверската пиратерија.
Во изминатиот месец Основните судови во Прилеп, Скопје и Тетово, покрај одземањето на средствата и опремата со кои се сторени кривичните дела, неовластена употреба на туѓ софтвер, досудија и оштетни побарување во денарска противвредност од над 10.000 евра. Нелегалниот софтвер претставува огромен ризик за потрошувачите. Фалсификуваните копии ги изложуваат корисниците на вируси кои можат брзо да заразат цели мрежи и заедници, а злонамерните софтвери да ги загрозат приватните податоци и да доведат до кражба на идентитет..Софтверската пиратерија предизвикува намалување на даноците и губење на работните места, делува дестимулативно на инвестициите, и генерално има длабоки негативни импликации за милиони луѓе низ целиот свет.„Особено радува фактот што во последно време надлежните судови во Република Македонија, кои постапуваат по нашите пријави против сторителите на казниви дела изрекуваат поостри казни (високи парични казни, казни затвор во траење до 1 година условени за 2 години да не се повтори кривичното дело), но и досудуваат високи износи на надомест на штета”, изјави Мите Костов, Претседател на Координативното тело за интелектуална сопственост.Костов истакна дека Координативното тело и органите на прогонот ги следат активностите на некои продавачи на компјутери кои не само што инсталираат нелегален софтвер на компјутерите кои се наоѓаат во нивните продавници и на компјутерите кои ги продаваат, туку ги информираат купувачите дека нивни вработени ќе дојдат во нивните домови со цел да им инсталираат нелегален софтвер. „Сакаме да напоменеме дека покрај фирмите и поединците ќе бидат најстрого казнети, а компјутерите и другата опрема ќе биде одземена“, вели Костов, најавувајќи дека ваквата појава ќе се набљудува и во наредниот период и ќе се превземат првите законски санкции против овие компјутерски компании. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.