Црна хроника
Пукање во Кавадарци, еден истрел заврши во автомобил
Еден истрел од пукање во Кавадарци синоќа завршил во задната шофершајбна на автомобил кој се движел во центарот на Кавадарци, соопшти МВР.
Двајца браќа со автомобил „нисан“ се возеле во центарот на градот кога слушнале истрели. Забележале дека еден од куршумите завршил во задното ветробранско стакло на нивниот автомобил.
Случајот го пријавиле во полиција, а при увидот е пронајдена една чаура./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.