Црна хроника
Шефот на кабинет на Вељаноски пуштен од притвор
Марјан Маџовски, шефот на кабинет на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, обвинет во случајот „Шпион“ за уцена и злосторничко здружување е пуштен да се брани од слобода.
Истражниот судија му го укинал притворот на Маџовски откако тој понудил недвижен имот како гаранција.
Притворот на Маџовски му бил укинат минатиот вторник, а тогаш му бил укинат притворот и на уште еден обвинет во Шпион, Зоран Костадиновски, вработен во Управат за безбедност и контраразузнавање обвинет за злостроничко здружување. Нему му бил одреден куќен притвор поради исклучително лошата здравствена состојба.
Во акцијата Шпион осомничени се 17 лица кои се товарат дека одавале државни тајни на странски служби. Меѓу нив има вработени и претходно вработени во безбедносните органи./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.