Црна хроника
Прегазен пешак во Охрид
Охриѓанец загина во тешката сообраќајна незгода што се случи утрово во 9 часот и 35 минути се случи на булеварот „Железничка“ во Охрид.
Шеесет иедногодишниот Цветко С. од Охрид им подлегна на повредите по тешките телесни повреди здобиени од удар на патничко моторно возило марка „пежо 207“ со охридски регистарски таблици управувано од дваесет и четиригодишниот В.Н. од Охрид.
Возилото се движело од булеварот „Железничка“ кон улицата „15 корпус“. По незгодата, со здобиени тешки телесни повреди, сега починатиот Цветко С. итно бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде по кратко време им подлегнал на повредите.
Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот на необележан пешачки премин ја преминувал коловозната лента од едната на другата страна.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија, јавен обвинител, овластен сообраќаен судски вештак, како и полициски екипи од станицата за безбедност во патниот сообраќај Охрид.
Врз патничкото моторно возило е извршен вонреден технички преглед. За време на увидот, сообраќајот на булеварот „Железничка“ се одвиваше по една коловозна лента./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.