Црна хроника
Приведени 48 лица за инцидентите на натпреварот Вардар – Металург
Вкупно 48 лица се приведени за инцидентите што се случија на натпреварот меѓу ракометните клубови Вардар и Металург.
Дваесет и две од лицата се на возраст од 14 до 48 години се осомничени за сторен прекршок по член 3 и член 13 од Законот за спречување на спортски натпревари, потоа 13 лица на возраст од 16 до 28 години за нарушување на ЈРМ и исто толку – 13 лица на возраст од 13 до 35 години за сторени прекршоци по член 4,5,6,12, 13 и14 од ЗППЈРМ.
Поднесена е кривична пријава и против триесетгодишен скопјанец за напад врз службено лице. Кога почнале инцидентите пред натпреварот, скопјанецот со стаклено шише удрил полицаец кој го обезбедувал натпреварот.
Според МВР, до инцидентите дошло кога група од 150 до 200 припадници на „комитите“, иако имале уредно купени билети за ракометниот натпревар од страна на организаторот на натпреварот не им бил дозволен влез во спортската сала.
Ваквата одлука на организаторот предизвикала револт кај навивачката крупа „Комити“, кои масовно го нарушиле јавниот ред и мир на надворешната страна од источната трибина и тие фрлајќи со камења и други тврди предмети се обиделе да ги пробијат полицискиот кордон и кородното од лицата за обезбедување од агенцијата „Перпетум мобиле“ кои бил поставени пред влезот на источната трибина.
Во обидот насилно да влезат во салата биле спречени, при што нема повредени полицајци, но настрадал еден од обезбедувањето на „Перпетум мобиле“ и еден неутрален навивач, кои биле пренесени во Ургентниот клинички центар и Гратската општа болница „Свети Климент Охридски“, каде кај службеното лице од обезбедувањето е констатирана скршеница на десната потколеница, а кај другото лице скршеница на две потколенични коски./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.