Црна хроника
Ранет случаен минувач во пукање во центарот на Скопје
Случаен минувач бил ранет синоќа околу 1 часот во пукање што се случило во центарот на Скопје на улицата кајшто се наоѓа кафе барот „Тренд“, потврдуваат од МВР.
Според првичните информации, настанала тепачка меѓу две групи, при што еден од учесниците извадил пиштол и пукал.
Во пукањето рането е 18-годишно момче А.З. од скопско Ново Село во пределот на ногата, кое поминувало таму. Повреденото момче е пренесено во Ургентниот центар.
Извршен е увид на лице место, при што се пронајдени две чаури од огнено оружје. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. Засега нема приведени за инцидентот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.