Црна хроника
Кумановец шверцувал хероин во сок „Санголд“
Кумановец пред неколку дена се обидел да прошверцува хероин сокриен во сок со натпис „Санголд“ од еден литар во автобус кој сообраќал од Куманово до швајцарскиот град Берн.
Автобусот бил запрен на граничниот премин Табановце и при преглед на патниците, кај 23-годишниот кумановец во тетрапак пакување од литар сок со натпис „Санголд’ во кое било сокриено едно пакување со неправилна елипсоидна форма облепено со кафеава селојтеп трака, исполнето со наркотична дрога хероин.
Според документираните сознанија од истрагата,. Кумановецот го набавил хероинот од непознато лице и требало да ја транспортира надвор од Македонија и да ја предаде на друго непознато лице заради понатамошна продажба и стекнување со противправна имотна корист.
Вредноста на запленетиот хероин со тежина од 490 грама на нарко пазарот би достигнала цена од 50.000 евра.
Против кумановецот е поднесена кривична пријава и одреден му е притвор во траење од 30 дена. Се преземаат дополнителни мерки и активности заради целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање и на други инволвирани лица. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.