Црна хроника
Патничка во инвалидска количка се обидела да внесе 36.000 франци
Патничка во инвалидска количка заедно со својот сопруг, и двајцата македонски државјани, кои вчера во 17 часот пристигнале со лет од Цирих на аеродромот Александар Велики во Скопје, се обиделе да сокријат 36 илјади швајцарски франци и да ги внесат во државата без да ги пријават.
Лицата не поседувале никаква документација за потеклото на парите, а девизите биле сместени дел во рачна чанта и еден дел во градникот на патничката.
Иако се пријавиле за зелен канал, каде поминуваат патници кои немаат ништо да пријават, царинските службеници ги селектирале за детален преглед при што била откриена поголема количина на девизи кои им биле одземени.
На патничката вратени и се 12 илјади франци, износ што според законот за девизи предвидува дека резидент може слободно да го внесе во државата, додека 24 илјади франци привремено се задржани.
Против прекршителот, Царинската управа поднесе прекршочна пријава за утврдување на нејзината одговорност./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.