Црна хроника
Истрагата за Музејот се уште трае, осомничени нема
Истрагата за кражбата на артефактите во Музејот на Македонија се уште трае, а полицијата нема осомничени.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вели дека се работи за комплексна активност која опфаќа многу анализи за кои е потребно време да бидат стручно и професионално спроведени.
Музејот е се уште затворен за посетители и се додека трае истрагата движењето ќе биде ограничено, велат од МВР.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска информира дека истрагата за кражбата на артефакти во Музејот на Македонија уште трае.
„Лицата што требаше да дадат исказ и да се провери автентичноста и вистинитоста на нивниот исказ преку полиграф е веќе завршена. Има еден друг сегмент, сепак, треба многу постручна и подетална анализа, која уште трае и додека не бидеме сигурни дека сите аспекти на проблемот со кој се соочуваме се добро изанализирани и разработени би било добро движењето на тој простор да биде ограничено“, рече Јанкулоска.
Првично се сметаше дека во музејското депо недостигаат вкупно 60 вредни артефакт, а потоа бројката се искачи на 80-ина, за на крај да достигне 166 исчезнати артефакти.
Артефактите, како што првично беше соопштено, потекнуваат од античкиот и римскиот период и биле пронајдени при ископи на археолошките наоѓалишта Стоби и Исар Марвинци./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.