Црна хроника
Криела девизи во градникот
Царинските службеници на аеродромот Александар Велики – Скопје спречија обид за нелегално внесување на 18 илјади швајцарски франци. Ова е четврт случај на спречен шверц на девизи во изминатава седмица.
Во петокот околу 20:30 часот, на аеродромот Александар Велики – Скопје, за влез во државата се пријави лицето Т.Р. македонска државјанка, која допатувала со лет од Цирих. И покрај тоа што се определи за зелен канал (каде поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување) и изјави дека со себе носи само 500 швајцарски франци, поради основано сомневање, селектирана е за понатамошна контрола. При извршениот преглед, кај патничката, царинските службеници пронајдоа 30 илјади швајцарски франци сокриени во нејзиниот градник, за кои не поседувала никаков документ за потекло. Ова е втор случај неделава на пронајдени девизи во градник што говори дека трендот на внесување на црни пари сокриени во градници расте.
Согласно законот за девизи, на лицето му се вратени 12 илјади швајцарски франци (противвредност на 10 илјади евра), износ што резидент може слободно да го внесе во државата, додека 18 илјади швајцарски франци привремено се задржани.
Против сторителот Царинска управа поднесе прекршочна пријава за утврдување на одговорноста. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.