Црна хроника
Во Франција раскринкана грузиска банда која вршела 10 кражби дневно
Француската полиција во соработка со Интерпол и Европол раскринкала голема криминална група, којашто е осомничена за повеќе од две илјади тешки кражби, објави ноќта кон саботата AFP повикувајќи се на извори запознаени со истрагата.
Според изворите, на трагата на групата којашто била составена од околу 60 лица по потекло од Грузија и Ерменија, било влезено благодарејќи на заедничката операција на француските и данските истражни органи, започната пред едена година и во неа биле ангажирани околу 300 полицајци. За време на операцијата до досега се уапсени 23 члена на бандата коишто живееле претежно на Пиринеи.
Според агенцијата, криминалната група е осомничена за бројни грабежи во домови, вили и продавници претежно во југозападна Франција, како и за трговија со украдени стоки и перење пари. Профитите од криминалните дела, групата ги испраќала во двете кавкаски земји. Според процените на истрагата, групата вршела по околу десет кражби дневно, а главна цел биле дигитални производи и накит.
Групата функционирала по строга хиерархија базирана на бројот извршени злосторства од страна на секој член. По секога извршена кражба, криминалецот си правел посебна тетоважа, чиј број на крајот од годината го одредувал неговиот статус во криминалната организација./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против битолчанец, ставил под хипотека туѓ недвижен имот во Охрид и стекнал корист од 352 илјади денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот К. Р. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неизвршување судска одлука и самовластие.
„Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, става под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин стекнал противправна имотна корист од 352.000 денари“, велат од СВР Охрид.
Топ
Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело узурпација на недвижности од чл. 225 од КЗ на РСМ.
А. Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице подолг временски период противправно завладеал имот, сопственост на државата, и го ставил во владение на своето правно лице.
Имотот што се наоѓа веднаш до цветниот пазар зад Поликлиниката ‘Бит-пазар’ во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, А. Р. противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез на предметното земјиште, каде што за секој влез-излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.
Црна хроника
Уапсен 39-годишник од Студеничани, возел „џип компас“ евидентиран во базата на Интерпол како украден
Вчера попладне, во 15.40 часот, на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот Џ. Р. од село Црн Врв, општина Студеничани, извести МВР.
„При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото ‘џип компас’, со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, е евидентирано во базата на Интерпол како украдено“, соопшти МВР.
Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.