Црна хроника
Уапсен џепчијата од 'Холидеј ин'
Скопската полиција уапси свој „стар клиент“ кој ќе заработи нова кривична пријава затоа што минатиот месец на автобуската постојка кај хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на градот ограби скопјанка а потоа ја злоупотребил нејзината платежна картичка
Овој 46-годишен рецидивист на автобуската постојка незабележително протнувајќи ја раката во чантата на скопјанката украл женски паричник во кој имало лични документи, банкарски картички, две илјади денари и златна обетка.
Истиот ден џепчијата ги употребил банкарските картички и од нив успеал да извлече 33 илјади денари. СВР Скопје работи на комплетирање на доказниот матерјал за што ке следи поднесување на кривична пријава.
Инаку, приведениот е познат како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, и против него досега се поднесени вкупно седум кривични пријави и изречени две казни затвор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.