Црна хроника
Проширена истрагата за „Шпион“ и прекината постапката за тројца обвинети
Истрагата за случајот „Шпион“ е проширена и испитани се уште две нови лица, а истовремено со обвинението за случајот „Шпион“ коешто во понеделник го поднесе јавното обвинителство до Кривичниот суд не се опфатени три лица против кои беше поднесена кривична пријава бидејќи или се бегство или се чека нивна екстрадиција.
Двајцата нови обвинети се товарат за послужување во службата и за шпионажа, но за нив не е одреден притвор.
Обвинителството ја прекина постапката за новинарот Зоран Божиновски, кој е во екстрадиционен притвор во Србија, како и за Борис Перков, кој беше уапсен во Чешка и за Јане Младеновски, кој е во бегство. Од обвинителството соопштуваат дека за нив постапката ќе продолжи кога ќе станат достапни, односно кога ќе бидат екстрадирани.
„Во текот на истрагата, како резултат на собраните докази кои укажуваа на вмешаност и на други лица, истрагата беше проширена и беа испитани две нови лица, за кои исто така е поднесено обвинение за извршени кривични дела Послужување во службата чл. 356 од КЗ и Шпионажа од чл. 316 ст.3 од КЗ. За три лица постапката е прекината, бидејќи се недостапни на органите на прогонот и за нив постапката ќе продолжи кога истите ќе станат достапни. За две од тие лица, во тек е постапка за екстрадиција“ се вели во соопштението од Обвинителството.
Во понеделникот во кривичниот суд стигна обвинението покренато против 19 лица. За 14 од нив по барање на ЈО продолжена е мерката притвор, двајца се во куќен притвор, а тројца ќе се бранат од слобода.
Обвинетите се товарат дека оддавале класифицирани податоци и државни тајни на странски служби.Организатор на злосторничкото здружение, според МВР, бил Марјан Ефремов, братот на велешкиот обвинител Ивица Ефремов кој беше уапсен во полициската акција Ликвидација. По акцијата беше приведен и Ефремов, откако во неговиот дом беше најдено големо количество на оружје.
Ефремов го организирал злосторничкото здружение на почетокот од 2009 година, кога добил отказ од Агенцијата за разузнавање. Заедно со двајца тогаш вработени во Агенцијата за разузнавање, еден вработен во УБК и поранешен вработен во воената безбедност и разузнавање при министерството за одбрана го создале здружението и давале информации на странски служби за што добивале пари, патувања и подароци.
Документите се однесувале за организациската поставеност внатрешната структуираност на безбедносните и други институции, податоци за политичката состојба на државата податоци за безбедносната состојба на државата, изборите, општата безбедносна состојба во државата./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

