Црна хроника
Најмалку 30 настрадани во уривање балкон во лондонскиот театар Аполо

Најмалку 30 луѓе се повредени при уривање на балконот во театарот „Appollo“ во центарот на Лондон, пренесе телевизијата Sky News повикувајќи се на претставници на итната помош.
„Знаеме дека има повредени“, изјавил портпаролот на полицијата за BBC, но тој не можел да го потврди бројот на настраданите при уривањето на делот од гледалиштето.
Според различни извори, за време на претставата се урнал дел од таванот или балкон. Лекарите појасниле дека повеќето од жртвите претрпеле полесни повреди и дека нема хоспитализрани.
Еден од очевидците за телевизијата Sky News рекол дека изгледа дека се урнал дел од балконот во гледалиштето. Мислам дека падна предниот дел од балконот“, рекол Мартин Босток кој бил во гледалштето и додал дека „поради прашината беше тешко нешто да се види“.
Apollo е еден од култните театри на лондонски Вест Енд, е отворено во 1901 година. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Обвинение за извршител на четири кражби на дрзок начин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за четири тешки кражби од чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 18 ноември на автобуската станица на Зелен пазар во Скопје на дрзок начин од една оштетена одзел златен синџир во вредност од 25.000 денари, така што се доближил до неа и ѝ го скинал од вратот. Потоа на 28 ноември на Камен мост од увото на една оштетена со рака скинал златна обетка вредна 15.000 денари, на 1 декември во близина на хотелот „Арка“ на ист начин одзел златна обетка вредна 6.000 денари, а на 3 декември кај Зелен пазар од увото на една оштетена скинал обетка вредна 10.000 денари.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Црна хроника
МВР: Разбиен канал за трговија со кокаин од Западна Европа, уапсени тројца дилери

Полициски службеници од МВР во соработка со српските полициски службеници реализираа акција за спречување на меѓународен канал на транспорт на дрога од земјите на Западна Европа во земјава во која се запленети еден килограм и 58 грама кокаин.
Во октомври и ноември 2019 година, од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведена е истрага над организирана криминална група која се занимавала со организирање на транспорт на наркотична дрога „кокаин“, од земјите на Западна Европа во Република Северна Македонија. Групата се занимавала и со улична продажба на наркотична дрога „кокаин“ на подрачјето на Скопје, Тетово и Гостивар.
„На 6.12.2019 година во координација со Одделот за специјални полициски операции, лишен од слобода е Х.С (26) од с.Речане-Гостивар, кај кого во патничко моторно возило ‘сеат леон’ кое го управувал, а го паркирал на територија на Република Србија, во багажниот простор пронајдени се 1.058 грама кокаин. Х.С. кокаинот го транспортирал од Белгија до Република Северна Македонија. Исто така, лишени се од слобода и главните организатори на транспортот на дрогата Р.Љ (36) од с.Арачиново – Скопје и М.И (35) од с.Речане – Гостивар. Овие лица и претходно биле кривично пријавувани за дела од областа на недозволената трговија со дрога за што издржувале и казни затвор.По целосно комплетирање на доказите против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција“, соопшти МВР.
Црна хроника
Кумановец повреден во експлозија на плинска боца заборавена врз шпорет на дрва

Кумановец на возраст од 28 години е повреден и пренесен во болница, откако во неговиот дом во селото Доброшане експлодирала плинска боца.
Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во утринските часови на 5 декември, а според пријавеното, 28-годишникот запалил шпорет на дрва на кој била поставена плинска боца, која притоа експлодирала.
Кумановецот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци