Црна хроника
„Сакам да бидам најдобар татко и маж“ – последна порака од таткото кој скокна со синот од облакодер
Димитриј Канариков (35) скокна од прозорецот на еден облакодер во Њујорк и со себе во смрт го зеде својот тригодишен син Кирил. Причина за трагедијата најверојатно е судската одлука за старателството над детето според која за детето требало да се грижи мајката.
Несреќниот човек скокнал од зградата висока 52 ката и не го преживеал падот, додека детето сé уште давало знаци на живот, но подоцна им подлегнало на повредите, пренесуваат медиумите.
Таткото се качил на покривот од зградата во која наводно живеел некој негов пријател, а полицијата претпоставува дека најверојатно претходно го фрлил детето од врвот на облакодерот па потоа скокнал и самиот, со оглед на фактот дека детето било пронајдено подалеку од безживотното тело на својот татко.
Лекарите од итната помош констатирале смрт кај возрасното лице, додека детето сé уште давало знаци на живот, но откако било пренесено во болница им подлегнало на повредите.
Се претпоставува дека кобната одлука на таткото е поради решението на судот старателството врз детето да и припадне на мајката.
Несреќниот татко не оставил никаква порака пред да го изврши убиството и самоубиството, но на својот профил на Фејсбук напишал неколку зборови кои додаваат доза на згрозување: – „Сакам да бидам најдобриот татко и маж“./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.