Црна хроника
Притворени двајца доктори заради примање поткуп
Двајца доктори од Клиниката за уво, нос и грло во Скопје се приведени под сомнение за примање поткуп.
Имено, на почетокот на овој месец од страна на осомничените Ј.Н (45) и Н.П (29) на пациентка од Скопје и се побарани парични средства во износ од 450 евра за да се извршат две хируршки интервенции и тоа функционална операција на носната преграда и естетска операција на нос, а кои средства требало да ги предаде пред да бидат извршени хируршките интервенции.
Пациентката случајот го пријавила во полиција, од каде и биле дадени обележани банкноти, кои во два наврата биле дадени на специјализантката Н.П, а биле наменети за д-р Ј.Н кој требало да ги изврши хируршките интервенции.
При извршен личен претрес на лицето Н.П пронајдени се девет банкноти во апоени од по 50 евра, кои пари претходно биле технички обработени и дадени од страна на пациентката, додека кај лицето Ј.Н, при претрес на неговиот дом и службените простории пронајдени се одредени писмени прибелешки со лица и телефони, список на закажани операции и фотографии кои би можеле да бидат од интерес за кривичната постапка. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.