Црна хроника
Дваесет украдени икони од Македонија дел од збирката на албански државјанин
Дваесет икони и црковни предмети се дел од збирката украдени предмети која при акција на полицијата во Тирана во октомври годинава беше откриена и одземена од албански државјанин.
По извршен увид од страна на македонски претставници предметите се идентификувани и истите најверојатно се украдени од црквите од селата Радожда, Буринец и Селце од Струшкиот регион како и селата Ѓавато и Перово од Битолскиот регион.
Помеѓу идентификуваните предмети се и царски двери кои претходно биле исечени, но истите се составени од страна на албански експерти-историчари на уметност.
За дел од идентификуваните икони веќе се публикувани монографии и научни трудови.
Меѓу нив се наоѓаат и две икони кои се лично изработени од страна на Дичо Зограф, а за други три икони кои потекнуваат од црква во с.Радожда – Струшко, трага и ИНТЕРПОЛ.
Албанскиот Јавен обвинител, за потребите на Судската истрага, побара најдоцна во рок од 15 дена да биде доставена соодветна документација односно досие за потеклото на секоја од иконите поодделно.
Во координација со претставници од Министерството за култура во тек е изготвување на наведената документација која во прилог ќе содржи и научна публикација каде се објавени иконите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

