Црна хроника
Уште една голема акција против нарко-дилерите во Србија
На територијата на цела Србија во саботата трае голема акција на разбивање на каналите на групи илегални трговци со дроги, а според белградските електронски медиуми полицијата досега извршила претреси во 1.165 објекти и досега се приведени 128 лица.
Првиот потпретседател на владата на Србија, Александар Вучиќ изјавил дека утрото во саботата 4.30 часот започнала акцијата „Гром 1“, во којашто заедно со претходната слична акција „Гром“ од 6-ти декември се приведени вкупно 500 лица, меѓу кои и важни имиња во српската нарко мафија. На оние кои се сокриле или побегнале, Вучиќ им порачал дела допрва им „претстои пекол“, пренесува агенцијата Танјуг.
Републичкиот јавен обвинител Загорка Доловац изјавил дека со саботната акција се уапсени сериозни дилери на самиот врв од пирамидата и коишто сметале дека се „посилни од државата“.
Вицепремиерот Вучиќ на прес-конференцијата рекол дека нема системска поврзаност меѓу државата и криминалците на што укажува дека фактот дека ниедна информација од претходно изведената акција „Гром“ не протекла. Додал и дека во акцијата „Гром 1“ се апсени и сериски убијци, повеќекратни сторители на убиства и разбојништва, а некои се приведени поради незаконско поседување оружје.
Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ изјавил дека во акцијата „Гром“ станувало збор за сузбивање на растурање наркотици, но и и дека биле апсени сите коишто ја загрозуваат имотната и личната безбедност, а дека во соработка со Обвинителството било работено на случаите на 24-те спорни приватизации.
Во претходната полициската акција „Гром“ беа процесуирани 274 лица, а запленети беа повеќе од 21 килограм различни дроги. До крајот на денот се очекува уште една прес-конференција со подетални информации од акцијата „Гром 1“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.