Црна хроника
Австриец загина од петарда

Неисправна петарда во новогодишната ноќ е причина за смртта на еден маж во местот Дојч Ваграм во Австрија.
Во текот на подготовките за прослава на Новата година, несреќниот Австриец имал намера да ја запали петардата во облик на топка, но таа веднаш не експлодирала. Кога ѝ се приближил, се случила детонација. Мажот се здобил со повреди на главата и лицето опасни по животот, соопшти австриската полиција.
Не е утврдено потеклото, ниту точниот вид на направата./крја/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Истрага против арачиновец кој во домот чувал полуавтоматски пиштоли и муниција

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против жител на скопско Арачиново во чиј дом биле пронајдени огнено оружје и муниција.
Како што информираат од обвинителството, во својата куќа осомничениот држел полуавтоматски пиштол „Smith&Wesson“ MOD 6906 со калибар 9мм Para, како и полуавтоматски пиштол „Walther“ P99 со две рамки и 41 куршум со калибар 9мм Para.
Тој се товари за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил и предлог за притвор на осомничениот.
Црна хроника
Стружанец без одобрение изградил објект на државно земјиште

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 30-годишен жител на селото Корошишта, под сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“.
Како што информираат од МВР, годинава, на катастарска парцела во Корошишта, пријавенот во својство на инвеститор, без да поседува одобрение, изградил објект за домување и узурпирал земјиште во државна сопственост.
Црна хроника
Скопјанка нападната во локал на булеварот „Теодосиј Гологанов“

Скопјанка на возраст од 35 години во полициската станица Центар на 6. декември пријавила дека истиот ден околу 2 часот по полноќ била нападната во локал.
Според пријавеното, нападот врз неа го извршил скопјанецот Д.Н. во угостителски објект на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ .
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци