Црна хроника
Дочекот на 2014-та мина во мирна атмосфера и без поголеми инциденти
Новогодишната ноќ помина во мирна и празнична атмосфера, без поголеми инциденти, истакна во средата министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, при нејзината посета на полициската станица Центар во главниот град, каде беше информирана за активностиѕр и инциденти во текот на новогодишната ноќ.
„На територија на Република Македонија се регистрирани дваесет нарушувања на јавниот ред и мир, бројка којашто е пониска од вообичаената во денови кога не се прославува. Во Скопје се регистрирани четири нарушувања и неколку сообраќајни несреќи без посериозни последици. Бројката на инциденти во Скопје е драстично помала“, истакна Јанкулоска.
Во врска со нападот на возилото на Брза помош, министерката додаде дека полицијата има почетни информации и очекува инцидентот да биде набрзо расчистен.
Регистрирани биле и неколку обиди за кражба, меѓутоа со брзата полициска интервенција истите на лице место биле спречени../крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.