Црна хроника
СВР Охрид потврди дека телото е на исчезнатата тинејџерка
Охридската полиција во петокот околу пладне официјално потврди дека пронајденото тело пред два дена кај Велмеј, припаѓа на девојчето кое беше пријавено за исчезнато пред неполни два месеца.
„Официјално можам да потврдам дека пронајденото тело припаѓа на девојчето кое беше пријавено во СВР Охрид за исчезнато на 12 ноември 2013 година“, изјави за Макфакс портпаролот на охридската полиција Стефан ДимовскиТој рече дека сè уште не се познати точните причини за смртта на девојчето, а најави дека во текот на денот ќе одржи прес конференција, на која ќе бидат објавени повеќе детали за целиот случај.Претходно од охридската полиција изразија незадоволство од, како што рекоа, некоректно известувањето на дел од порталите, кои без официјална потврда, го објавија името на починатото девојче. Инаку, на 12 ноември било пријавено исчезнување на Маја Блажевска од селото Лешани. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.