Црна хроника
Португалки криеле повеќе од килограм кокаин во перики
Шпанската полиција на мадридскиот меѓународен аеродром Барахас привела две жени со по повеќе од еден килограм кокаин сокриен во перики, пренесува во петокот AFP повикувајќи се на министерството за надворешни работи.
Двете Португалки, на возраст од 18 и 28 години, биле уапсени во два различни дена, по излегувањето од авионите на летовите од бразилски Сао Паоло, се наведува во полициското соопштение на кое се повикува агенцијата.
Жените ја сокриле дрогата во шест пакетчиња сместени во црна чорапа, а потоа залепена под долгите црни кадрави перики. Под секоја од периките полицијата открила по 1,2 килограми дрога.
Новиот метод за криумчарење на дрогата бил добро разработен, бидејќи била тешко да се забележи имајќи предвид дека периките изгледале како вистинска коса, се додава во соопштението.
Поради блиските врски со Латинска Америка, Шпанија е клучната земја за влезот на кокаинот во Европа. Во текот на 2012 година шпанските власти заплениле повеќе од 20 тони кокаин или 41 отсто во вкупното количество од оваа дрога запленета во Европа во таа година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.