Црна хроника
Ловџија се саморани кај Прилеп
Еден ловџија од Прилеп се саморанил со пушка во дланката при што заработил тешка телесна повреда и е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје.
Ж.В.(1962) од Прилеп, додека бил на лов кај месноста .Ореов Дол, му паднала пушката и при удар на земја испукала една сачма која го погодила во левата рака (дланка). Истиот најнапред бил пренесен во прилепската болница, каде му е констатирана тешка телесна повреда, и е препратен во КЦ-Скопје.За настанот е известено Јавното обвинителство. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.