Црна хроника
Застрелал четири лица заради недозволена љубов
Четири лица се убиени со огнено оружје од страна на еден нивен соселанец во селото Ѓонмад кај Корча во Албанија .
Според првичните информации, масакрот се случил во вторникот навечер кога 37 годишниот албански државјанин Башким Лопалари во куќата на семејството Мечолари ги обил сопружниците Белон,(31) и Манијола Мечолари (30) , и Реџеп(57) и Валентина (53) Мечолари.
Полицијата информираше дека има индиции дека убиецот имал интимни врски со Манијола која инаку била сопруга на неговиот вујко.
Медиумите наведуваат дека истрагата тврди дека убиецот делото го извршил во пијана состојба . /крај/мн/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.