Контакт

Црна хроника

Во борбите во Сирија загина уште еден Албанец од Македонија

Објавено пред

Алим Османи (22) од Скопје е четвртиот Албанец од Македонија кој загина во Сирија борејќи се на страната на Слободната сириска армија (FSA) против војската на владата на сирискиот претседател Башара ал-Асад, објави порталот на алабански јазик Portalb.

dobivaj vesti na viber

Веста ја потврдиле неговите најблиски кои изјавиле дека Османи заминал во Сирија во средината на минатата 2013 година за да им се придружи на бунтовниците кои се борат против власта на Асад.

„Алим не беше дел од групите блиски на Ал Каеда. Се бореше рамо до рамо со силите на Слободната сириска армија. За жал, нé информираа дека неговото тело не можеме да го добиеме“, изјавиле неговите роднини.

Тој на неговиот профил на Faceboook, на 24-ти декември напишал – „мамо не плачи за мене бидејќи јас не се враќам повеќе, но моли го Бога за мене“.

Османи е четврт Албанец од Македонија, кој го положи својот живот во војната во Сирија.

Во мај 2013 година беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на „Јабха ал Нусра“ односно Фронтот ал-Нусра.

Потоа беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулахи. Тој загинал во жестоките борби меѓу сириските бунтовници и милициите на Курдите во Сирија кон средината на јули кај Рас ал-Аин каде им беше нанесен тежок пораз на борците на движењата Фронтот ал-Нусра во кој според разузнавачки информации се борат и платеници и исламски фундаменталисти од Босна и Херцеговина, јужна Србија, Косово и Македонија.

Што се однесува до регионот, пак, кон крајот на ланскиот февруари загина и 23-годишниот етнички Албанец Мират Ахмети од селото Велики Трновац кај Бујановац, во јужна Србија кој според локалните медиуми бил убиен во борбите во Сирија. Пред да замине на фронтот во Сирија тој бил одличен ученик и успеал да се запише на студии по теологија на престижниот исламски универзитет Ал Ажар во египетската престолнина Каиро, а на сириските бунтовници им се придружил заедно со други негови колеги од трета и четврта година на студиите.

Медиумите претходно јавуваа и за убиени Албанци од Косово, во борбата против режимот на претседателот Башар ал-Асад, а ваквите вести оставија сомнение дека во Сирија има и други групи Албанци кои војуваат против Асад во Сирија.

Според ФТВ на БиХ која се повика на полициски и разузнавачки агенции во мај изминатата година најмалку 70 државјани од оваа земја се бореле на страната на бунтовниците. Од нив 32 лица се вратиле назад, а 20 останале да се борат и натаму. Досега се пријавени шест загинувања на босански државјани на сириското боиште.

Според информациите на босанските безбедносни служби заминувањето во Сирија го организира селефијската заедница од селото Горња Маоча кај Брчко коешто со години се смета за центар на радикалниот вехабизам и во кое владеат строгите шеријатски закони.

Селефијската заедница привлекува радикални исламисти како што беше и Мевлуд Јашаревиќ од српската област Санџак кој во 2011 година изведе терористички напад врз амбасадата на САД во Сараево.

Сите исламски доброволци од Босна и Херцеговина во Сирија се бореле за Фронтот ал-Нусра движење коешто се смета за блиско на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.

Членовите на оваа група изведоа неколку брутални јавни погубувања на припадниците на воените и полициските сили на сириската влада и потоа снимките од овие погубувања ги поставува на интернет.

Кон крајот на април координаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил Декершов, изјави дека најмалку петстотини Европејци се борат на страната на сириската вооружена опозиција против силите на претседателот Башар ал-Асад . Се претпоставува дека повеќето од европските борци во Сирија доаѓаат од Велика Британија, Ирска и Франција./крај/мф/ап

Црна хроника

Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце

Објавено пред

Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ3 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија5 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија6 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија6 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија7 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија7 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија8 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија18 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија19 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија19 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија20 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија20 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија21 час

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија22 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија22 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија22 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија23 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...