Црна хроника
САД: Го застрелал за време на проекција зашто пишувал смс пораки
Еден маж е убиен во престрелка во кино во градот Весли Чепел во американската сојузна држава Флорида, објави порталот Tbo ноќта кон вторникот повикувајќи се на полициски извори.
Според порталот, мажот и неговата сопруга биле на проекција на филмот „Lone Survivor“. Еден од сопрузите пишувал пораки на мобилен телефон во очекување на почетокот на проекцијата, што го иритирало друг гледач. Тој неколкупати ги предупредил да престанат. Лутиот гледач излегол за момент од салата, а кога се вратил, сопругот го прашал дали ги пријавил на менаџментот на киното, по што следела кавга, а набрзо се слушнале истрели.
Според полицијата, осомничениот сторител е уапсен и станува збор за пензиониран полициски капетан од Тампа.
Триесет итригодишната сопруга на загинатиот десет години повозрасен маж, пак, била хоспитализирана, со прострелна рана во раката којашто ја ставила пред градите на сопругот во моментот на истрелот, но набрзо била пуштена на домашно лекување./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.