Црна хроника
Брачен пар од Македонија уапсен на Прешево со 14 килограми марихуана
Српските цариници открија 14 килограми марихуана во автомобил на брачен пар од Македонија кои се обиделе да го преминат граничниот премин Прешево и да ја внесат дрогата во Србија.
Возачот на царинските службеници им рекол дека нема ништо за пријавување но при детален претрес на возилото било откриено дека во багажниот простор има изработено специјален бункер со дупло дно каде била сместена марихуаната.
Откако цариниците го откриле случајот возачот, чиј идентитет не се открива, рекол дека не знаел за товарот и дека возилото е на неговиот кум. Тој додал дека со сопругата оделе на гости во Инџија.
Јавен обвинител веднаш пристигнал на граничниот премин и по спроведени мерења утврдено е дека во возилото биле откриени вкупно 13 килограми и 715 грама марихуана поделени во 30 пакувања./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.