Црна хроника
Двајца полициски службеници нападнати во Трубарево
Во вторникот, 14.01.2014 година, во раните утрински часови откако по претходна дојава во село Трубарево пристигнале полициските службеници, при вршење на службената должност биле физички нападнати од страна на Л.С.(45) и нејзините синови М.С.(19), Б.С.(20) и С.С.(16).
Во физичката пресметка двајцата добиле по неколку удари во пределот на главата и телото.
Надлежните органи работат на целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.