Црна хроника
Мртов маж во тоалетот на скопски ГТЦ
Министерството за внатрешни работи во петокот навечер потврди дека доцна попладнето по 18 часот во тоалетот во Градскиот трговски центар во Скопје било пронајдено тело на починат маж.
Засега нема информации за идентитетот, ниту за возраста на починатиот, но се наведува дека на неговото тело првично не се откриени траги на насилство. Од МВР додаваат дека во текот на утрешниот ден ќе следува пошироко соопштение за случајот, откако ќе бидат познати резултатите од обдукцијата од Судска медицина каде што е предадено телото на починатиот.
Како што претходно објавија медиумите, околу 18 часот во службата за Брза помош било пријавено дека мртов маж лежи во тоалетот на ГТЦ, чијашто екипа можела да констатира само смрт./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.