Црна хроника
Ограбена продавница за електроника во Чаир
Арамија украл евра, долари, пиштол и документи од продавница за електроника во скопската населба Чаир.
Според полицијата, кражбата се случила ноќта помеѓу петок и сабота во продавницата за електроника „Ефро Електроник“, кога арамијата влегол во дуќанот од каде насилно ги отворил фиоките и одземал околу 2.300 евра во различни валути, пиштол и документи, по што избегал во непознат правец.
Полиција работи на расчистување на случајот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, во неа удрил „опел“
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано 38-годишниот Ј.К. од село Марино, општина Илинден, удрило во пешакот, 64-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен Турчин на граничниот премин Ќафасан, на увид дал фалсификувана патна исправа
Денеска во 01.00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот Т.С.Т. од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа, извести МВР.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Црна хроника
Артилериска граната од Првата светска војна пронајдена во Битолско
Вчера во 08.47 часот во СВР Битола, В.К. пријавила дека при извршување работи на нива во село Драгожани, битолско, била пронајдена стара граната, извести МВР.
„Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за артилериска граната од Првата светска војна со калибар 75мм“, соопшти МВР.