Црна хроника
Експлозија во фабрика во Небраска, има загинати
Во фабрика за производство на храна за добиток во градот Омаха во сојузната американска држава Небраска се случила експлозија во којашто е урнат дел од објект и има загинати, изјави шефот на локалната противпожарна служба Берни Кенгер, без да го прецизира бројот на смртно настраданите пренесе ноќта кон вторникот Associated Press.
Според Кенгер, пои експлозијата избувнал пожар кој набрзо бил локализиран. Поради делумното уривање на покривот на објектот, операцијата за спасување на настраданите е привремено запрена.
„Во моментот на експлозијата во фабриката имало 38 лица, десет од нив се хоспитализирани, а состојбата на четворица од ни се оценува како критична. За судбината на другите сѐ уште не се знае“, истакнал Кенгер. Додал дека причината за експлозијата во погонот на компанијата „International Nutrition“ уште не е утврдена, но истакнал дека во фабриката немало опасни хемикалии.
Очевидец, 21-годишниот работник во фабриката Нејт Луис за агенцијата изјавил дека бил на првиот кат кога одекнала експлозијата. Потоа зградата потонала во темнина па тој го користел светлото од својот мобилен телефон за да дојде до безбедносниот излез и да го напушти објектот. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.