Црна хроника
Зајакната полициска контрола, казнети 30 пешаци и повеќе возачи
Полицијата, во изминатите 24 часа, казни 30 пешаци бидејќи не поминувале на обележан пешачки премин, поминување на црвено светло и непочитување на светлосни сигнали.
Потоа, кај четири лица е утврдено дека дека истите управувале возила под дејство на алкохол, осум лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале шестмина возачи, кај седумина е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.
Покрај ова, 27 возачи управувале возила со брзина над дозволената, изречени се три прекршоци за некористење на сигурносен појас, 10 прекршоци за зборување на мобилен телефон, 11 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, додека пак 68 прекршоци се евидентирани за неправилно и непрописно паркирање, а еден прекршок за возач кој не отстапил првенство на минување на пешаци. Исто така со пајак возило подигнати се 93 возила.
Иста ваква акциска контрола во текот на минатото деноноќие беше спроведена и на подрачјето на СВР Велес, односно во градовите Велес, Кавадарци и Неготино, при што проверени беа 213 возила и возачи. Во рамки на контролата 42 возила се упатени на технички преглед 16 возила беа исклучени од сообраќај како и шест возачи кои управувале возила без возачка дозвола. Исто така наедно беа издадени 19 покани за глоба како 29 платни налози по основ на различни сообраќајни прекршоци.
И на подрачјето на СВР Струмица (Струмица, Валандово, Радовиш) вчера беше спроведена акциска сообраќајна контрола на 207 возила при што 59 возачи се санкционирани по разни основи, односно сторени сообраќајни прекршоци, а во рамки на оваа бројка издадени се 34 платни налози за наплата на глоба и 25 покани за наплата на глоба. Исто така поднесени се 29 барања за поведување прекршочна постапка согласно сообраќајните норми и прописи. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.