Црна хроника
Убил погрешна жена, па се самоубил
Помошничката на градоначаникот на српскиот град Врбас несреќно загина во Босна и Херцеговина (БИХ), каде што по грешка ја застрелал локален жител, кој имал намера да се пресмета со својата девојка.
Како што пренесоа српските медиуми, 40-годишната Биљана Паиќ, помошничка на градоначалникот на Врбас, убиена е ноќта во четвртокот кон петокот во местото Присоје, кај Бјељина, со истрел од ловечка пушка,Паиќ се наоѓала во официјална посета на Република Српска и била сместена во угостителскиот објект „Аполон“ во Присоје.Неа околу три часот изутрината ја застрелал 30-годишниот Младен Даниловиќ, кој според неофицијалните податоци, со нога ја скршил вратата од собата и ја застрелал во главата додека спиела.Откако увидел дека ја застрелал недолжната функционерка на Врбас, Даниловиќ извршил самоубиство стрелајќи си со пушката во глава.Претходно, околу полноќ, Даниловиќ се скарал со својата девојка која работела во истиот објект, а со оглед дека не била од истото место, спиела секоја вечер во угостителскиот локал. Во делегацијата, покрај Паиќ, биле уште двајца локални функционери до Врбас./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.