Црна хроника
Од ‘Coca Cola' украдени лаптопи со податоци за 74 илјади луѓе
Непознати крадци украле неколку лаптопи од седиштето на компанијaта „Coca Cola“ во Атланта во сојузната американска дражва Џорџија, потврди портпаролката на најголемиот светски производител на пијалаци, Ен Мур.
Според Мур, во украдените преносни компјутери, биле чувани личните податоци за најмалку 74 илјади лица, главно поранешни и сегани вработени во компанијата.
Лаптопите коишто биле украдени претходно, полицијата успеала да ги пронајде до петокот. Портпаролката изјавила дека, според сѐ судејќи, никој не ги користел податоците содржани во компјутерите за лични цели. Сепак, како мерка на претпазливост, компанијата „Coca Cola“ им испратила на предупредување на лицата чиишто лични податоци можеле да идат украдени.
Сѐ уште е нејасно како крадците успеале да ги украдат лаптопите. Мур одбила да даде какви и да се поединости за инцидентот, наведувајќи дека истрагата сѐ уште не е завршена.
Станува збор инаку за добро обезбедувана зграда. Во Атланта инаку се наоѓа и музејот посветен на најпознатиот безалкохолен пијалак во светот, во кој се чува таинствениот рецепт за приготвување на газираниот пијалак, ткн препарат 7Х. Полуметарскиот сеф, во кој се наоѓа формулата, никогаш не се отвора, а посетителите на музејот можат да му се доближат само до неколку метри растојание./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.