Црна хроника
Институциите негираат дека Мицајков го оправдал отсуството од затвор
Управата за извршување на санкциите ги демантира наводите дека е доставено известување од страна на судот дека на осуденото лице Тони Мицајков му е продолжен или одобрен прекин на казната затвор.
„Ве информираме дека до Министерството за правда – Управа за извршување на санкциите и до КПД Идризово досега не е доставено известување од страна на судот дека на ова лице му е продолжен или одобрен прекин на казната затвор, за периодот од 02.01.2014 до 02.04.2014 како што информираа некои од медиумите“, стои во соопштението.Притоа се наведува дека на осудениот Мицајков врз основа на соодветна медицинска документација му бил дозволен прекин на издржување на казната затвор во траење од 30 дена, но за временскиот период од 02.09.2013 до 01.10.2013 година.По завршувањето на прекинот на казната затвор, Тони Мицајков не се вратил на издржување на казната затвор, поради што КПД Идризово на 02.10.2013 година го известил судијата за извршување на санкциите дека осуденото лице Тони Мицајков не е вратен од прекин на казната и е побарано да се преземат соодветни мерки за негово пронаоѓање и враќање во установата. Тони Мицајков, кој е осудено на казна затвор во траење од 5 години и парична казна од 300.000 денари за кривично дело „даночно затајување“, ја издржува казната во КПД Идризово од 25.09.2012 година, а истата му завршува на 08.03.2018 година, информира Управата за извршување на санкциите.Весникот Вест јави дека во нивната редакција денеска се појавил лично Мицајков во придружба со неговиот бранител со намера да демантира дека е во бегство по завчерашната информација од Управата за извршување санкции дека е издадена наредба за негово стражарно приведување.„Не сум избеган, сиот овој период сум по клиники, амбуланти и по други медицински установи. Целата документација е испратена во надлежната институција“, изјави за Вест, Мицајков. Тој и неговиот адвокат во редакцијата на Вест го приложиле решението на Основниот суд Скопје 1, со кое на Мицајков му се прекинува издржување на казната заради лекување во период од три месеци, до 2 април 2014 година. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.