Црна хроника
Машиновозачот осомничен за железничката несреќа кај „Рајко Жинзифов“
Машиновозачот на патничкиот воз кој беше дел од железничката несреќа кај станицата „Рајко Жинзифов“ е осомничен за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.
Така процениле надлежните во истрагата која ја спроведоа по случајот, јави портал Лисица.СВР Велес денеска на 50-годишниот Р.А. му поднесе кривична пријава.Машиновозачот не се придржувал кон прописите за безбедност на железничкиот сообраќај , односно, минувајќи го излезниот сигнал иако истиот покажувал сигнален знак „стој“ , предизвикал удар со товарен воз кој се движел во истиот правец, при што дошло до испаѓање од шините на една локомотива и три вагона и полесно се повредени две лица. Со наведеното, пријавениот предизвикал опасност за животот на луѓето или за имотот од значителен обем. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.