Црна хроника
Битолчанец ограбил неколку сограѓанки и крадел икони од црква
МВР расчисти неколку тешки кривични дела од областа на имотните деликти извршени со насилство на подрачјето на Битола, кои беа пријавени во изминатиот период, а во кои со примена на физичка сила, лице одземаше вредни предмети од граѓаните, но и предмети сопственост на МПЦ.
За истите се поднесени три кривични пријави против лицето 51-годишниот Н.T. од Битола, заради постоење на основи на сомнение за сторени три кривични дела „разбојничка кражба“, „кражба“ и „разбојништво“. Пријавениот делата ги извршил на 21, 22 и 27 јануари годинава на различни локации во Битола.
Со наредба од Судија за претходна постапка, од страна на полициски службеници од СВР Битола, извршен е претрес во домот на пријавениот при што се пронајдени и одземени три икони како и еден стар црковен дрвен крст, кој од страна на Отец од храмот „Пресвета Богородица“ во Битола е препознаен. Се превземаат мерки за утврдување на сопственоста на иконите.
Од досега документираните дела, на 21 јануари околу 00,50 часот пријавениот со употреба на физичка сила ја отворил влезната врата од куќа лоцирана на улица „Марко Цепенков“ во Битола, сопственост на А.Т., влегол и почнал да пребарува по собите при што пронашол еден машки часовник и го зел со себе.
Во тој момент влегла оштетената и се обидела да му го одземи часовникот, но истиот ја турнал и се обидел да ја собори на земја, на начин што со тупаница ја удрил во пределот на главата. Викањето за помош на оштетената, случајно го слушнал нејзиниот сосед, кој влегол во куќата, го фатил пријавениот и повикал полиција.
На истиот не му била изречена мерка притвор и веќе следниот ден, на 22 јануари во 11.00 часот пријавениот влегол во домот на оштетената М.Н. од Битола, кој се наоѓа на улица „Илинденска“ и во моментот кога оштетената му ја отклучила вратата, со употреба на физичка сила ја турнал, оштетената паднала на скалите, а пријавениот влегол внатре, при што од паричникот оставен на масата во дневната соба, одзел 1.500 денари по што излегол од куќата на пријавителката.
На 27 јануари во околу 20,00 часот пријавениот со намера да присвои туѓ подвижен предмет преку незаклучената врата на улица „21-ва“, влегол и одзел златен и сребрен накит и бижутерија. Во моментот кога се обидувал да го напушти л.м., пријавениот бил спречен од оштетената З.Т. од Битола,сопственик на куќата, која повикала полиција. Материјална штета 20.000 денари
Постојат индиции дека осомничениот е инволвиран и во други инциденти регистрирани на подрачјето на Битола, но во моментов се уште се работи на анализа на доказите по што ќе следи соодветна пријава.
Од страна на Судија за претходна Постапка при ОС-Битола на 30 јануари на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во судир помеѓу „бмв“ и мотоцикл, тешко повреден 23-годишник од Скопје
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат село Сарај–село Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ф.Ќ. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, во неа удрил „опел“
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано 38-годишниот Ј.К. од село Марино, општина Илинден, удрило во пешакот, 64-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен Турчин на граничниот премин Ќафасан, на увид дал фалсификувана патна исправа
Денеска во 01.00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот Т.С.Т. од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа, извести МВР.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.